Нова снимка со полициско тепање на граѓани на улица

Нова снимка на која се гледа како полицијата тепа граѓани на улица се појави синоќа на социјалните мрежи. На објавената снимка, за која се тврди дека е направена во Скопје, се гледа како полицајците удираат граѓанин кој се наоѓа во автомобил. Двајца полицајци со тупаници го удираа граѓанинот кој седел на задниот дел од возилото. Се слушаат и извици „Го тепаат…“.

На снимката се гледаат и полициски мотори кои се паркирани непосредно до автомобилот. Но се забележува и еден друг мотор околу кој се движат полицајците кои го претресуваат.

Снимката се појави откако вчера на социјалните мрежи беше објавено видео како полицајци тепаат граѓани во Битола. За овој инцидент МВР соопшти дека веќе се идентификувани полицајците и дека случајот се расчистува. 

Претходна вестРудникот САСА казнет со 50.000, одговорно лице со 15.000 евра за загадувањето на Каменичка река
Следна вестПендаровски и неговиот словенечки колега Пахор положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев