Двајца починати од вирусот, новозаразени се 152 лица

Во последните 24 часа во Македонија се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на ковид-19, соопшти денеска Министертсвото за здравство. Од нив во Скопје се 58, Куманово 5, Дебар 2, Штип 5, Прилеп 4, Тетово 5, Струга 6, Велес 1, Битола 5, Охрид 3, Кавадарци 2, Гостивар 1, Гевгелија 6, Струмица 14, Кочани 18, Пробиштип 1, Берово 4, Валандово 4, Делчево 3, Свети Николе 3 и Кичево 2.

Починати се 2 лица, пациент од Охрид (77г) и пациент од Радовиш (62г), се наведува во информацијата.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 126 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 181.034 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 17.200, бројката на оздравени пациенти е 14.312, на починати е 712, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.176.

Претходна вестПолицаец брутално тепал соборен човек на улица, ама некој снимал…
Следна вестОбид за силување на 23-годишна девојка во Градски парк