По денешната средба во претседателската вила „Водно”, претседателите на Македонија и Словенија, Стево Пендаровски и Борут Пахор, се поклонија и положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас.
Инаку, претходно двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба како и пленарен состанок на македонската и словенечката официјална делегација.
Претседателот на Словенија повика да не се одлага почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ.