Двојно силување во ист ден доживеала 24-годишна велешанка, информира денеска полицијата.
-Девојка од Велес во полициска станица вчера пријавила дека на 20 септември во два наврати, во хотел во Велес и во близина на река Бабуна, пријател на момче на нејзина пријателка физички ја нападнал и извршил обљуба врз неа, соопшти велешката полиција.
Се работи на расчистување на случајот.