Градските власти денеска почнаа со реконструкција на улицата „Васил Ѓорѓов“ во Капиштец, на потегот од „Рузвелтова“ до улицата „Водњанска“ што е должина од еден километар. Реконструкцијата опфаќа обновување на коловозот во должина од околу 1.000 метри, санирање на оштетените делови од тротоарите, замена на оштетените рабници, како и корекции на крстосницата со „Рузвелтова“. Вредноста на проектот е околу 20 милиони денари со вклучен ДДВ, а реконструкцијата треба да биде завршена во рок од 45 дена.
– Реконструкцијата на улицата „Васил Ѓоргов“ е тринаесетта по ред која Градот ја започна во оваа градежна сезона. Сакам да им се заблагодарам на моите сограѓани за покажаното трпение и разбирање за неопходноста од ваквата интензивна градежна офанзива –потенцира денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
Тој не објасни зошто е потребно реконструкцијата да трае месец и пол дена со оглед на фактот дека не се работи за голема делница, ниту пак за изградба на новата улица туку само за реконструкција.