Темен режим Режим на светлина

„Лајка“ никако да проработи, а веќе се бара разрешување на директорката

Глутница кучиња речиси секојдневно напаѓаат минувачи, ги има многу и на кејот на Вардар Глутница кучиња речиси секојдневно напаѓаат минувачи, ги има многу и на кејот на Вардар

Неколку здруженија за заштита на животните бараат градоначалникот Петре Шилегов да ја разреши директорката на јавното претпријатие „Лајка“.

Злоупотреба на службената положба е причина за барањето на разрешување на в.д. директорката на ЈП „Лајка“ од страна на осум скопски здруженија за заштита на животни и 13 национални здруженија и активистички групи за заштита на животни. Во дописот до скопскиот градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов се наведено дека барањето е поднесено поради скандалозната злоупотреба на службената положба и поради сомнително трошење на јавни пари. Активистите од цела Македонија бараат и именување на долгогодишен активист-волонтер за заштита на животните.

-Ова го бараме имајќи ги предвид доказите изнесени во официјално известување до вас доставено од страна на здружението „Дејзи фемили“ на 11 септември 2020 година за шокантна злоупотреба на службената положба од страна на в.д. директорката на ЈП „Лајка“ Татјана Петрушевска која, меѓу другото, покренувала неосновани судски спорови против активисти-волонтери за заштита на животните, вршела кражба и криминална злоупотреба на лични податоци, ги вознамирувала, со помош на трети лица и им се заканувала на вдомувачи на бездомни животни – државјани на други земји, се наведува во барањето.

Инаку, веќе долго време се најавува, но никако да се отвори стационарот за бездомни животни во Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Украл автомобил, украл куче и дивеел низ Штип, уапсен лажен полицаец

22-годишен кавадарчанец се обидел да ограби аптека во Скопје

Следна објава

1.000 метри од улицата „Васил Ѓоргов“ ќе се реконструираат 45 дена