22-годишен кавадарчанец се обидел да ограби аптека во Скопје

Приведено е лице кое вчера се обидело да изврши грабеж на аптека во скопски Аеродром.

Пред аптека на бул. В.С.Бато во Скопје вчера бил приведен А.В.(22) од Кавадарци, кој се обидел да изврши тешка кражба во аптеката, соопшти МВР.

Разбојникот, како што стои во информацијата на Министерството, е задржан во полициска станица и известен е јавен обвинител.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестФатени тројцата малолетници кои скинале златни ланчиња од врат на жена
Следна вест„Лајка“ никако да проработи, а веќе се бара разрешување на директорката