Фатени тројцата малолетници кои скинале златни ланчиња од врат на жена

Полицијата успеала да открие и да приведе тројца малолетници поради сомнение дека се сторители на кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.

На 22 септември, во периодот од 10.30 до 11.00 часот на автобуска постојка на улицата 11 Октомври во Скопје, Ј.П(67) од Кратово пријавила дека со употреба на сила од вратот и биле одземени две златни ланчиња. По преземени мерки од страна на полициски службеници сторителите биле пронајдени и од нив биле одземени ланчињат, се наведува во информацијата на МВР.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава

Претходна вестФилипче бара разбирање и поддршка за одлуките во образованието
Следна вест22-годишен кавадарчанец се обидел да ограби аптека во Скопје