Решение со кое му се наредува на инвеститорот во рок од три дена да ја отстрани градбата – Урбана опрема, челична конструкција обложена со стакло кај палатата „Емануел Чучков“, донел овластен градежен инспектор на општина Центар.
Инспекторот на општина Центар, постапувајќи по службена должност, извршил увид и констатирал со записник дека инвеститорот ДПТУ ПРИМЕС КО. ДООЕЛ Скопје, со седиште на улица „Павел Шатев “ бр.2, Скопје, не поседува решение за поставување на урбана опрема челична конструкција обложена со стакло со димензии 10м x 11 м, пред деловниот простор на Гостилница „Аманет“.
-Во овој случај изјавена жалба против првостепеното решение со кое се наредува отстранување на наведените градби не го одлага извршувањето на решението согласно член 137 став 4 од Законот за градење, се наведува во соопштението.
Општина Центар потенцира дека нема да дозволи нелегално поставување на градби и урбана опрема со што се оневозможува слободно движење по тротоарите и одвивање на сообраќајот.