Починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје (63, 71 и 83г), по еден од Прилеп (78г), Тетово (63г) и Битола (59г), соопшти денеска Министерството за здравство за последиците од корона вирусот во изминатово деноноќие во Македонија.
Во последните 24 часа се направени 1694 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 96,Куманово 8 ,Штип 7, Прилеп 8 , Тетово 15 , Струга 3, Велес 5, Битола 8, Охрид 2 , Кавадарци 6, Гостивар 2, Гевгелија 1, Струмица 11, Крива Паланка 7, Радовиш 1, Кочани 17, Пехчево 1, Берово 10, Валандово 3,Виница 1,Делчево 2,Кратово 1,Свети Николе 6 и Кичево 4.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 96 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 191.821 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 18363, бројката на оздравени пациенти е 15164, на починати е 749, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2450.