Скопјани денеска ги поздравува маратонците кои трчаа по булеварите на главниот град на Македонија. Се одржа шеснаесетто издание на „Виз ер Скопски маратон 2020″, на кој настапуваат повеќе од 1.500 учесници.
Украинецот Сергеј Шевченко го искористи отсуството на атлетичарите од Кенија и со одлично трчање и време од 2:22.49 часа стана победник на маратонот кој се трчаше под посебни протоколи и мерки поради корона вирусот.
Извонреден настап и пласман оствари и најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски со време од 2:31.16 часа, тој пристигна втор на целта. Ивановски на тој начин стана победник на Државното првенство на Македонија во маратон. Третото место му припадна на Србинот Кристијан Тошиќ, со време од 2:39.37 часа.
Зад тројцата најбрзи завршија македонските атлетичари Александар Кираџиев, Марјан Бонев, Кокан Ајановски и Сашо Богојевски.
Во женска конкуренција првото место и припадна на албанската атлетичарка, Луиза Гега, со време од 2:35.34 часа.