Општина Центар не им попушта на оние кои паркираат каде ќе посакаат

Во Скопје има една категорија на возачи која паркира каде ќе посака. На таквите, општина Центар не им попушта.

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционираа 278 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 28.09. до 04.10.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 120 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 158 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

Од општината наведуваат дека за трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Претходна вестЗагрижувачко: Без возачка возеле 30 лица, 130 возила биле неисправни и нерегистрирани
Следна вестИма ли Заев вила на Халкидики или не?