Без возачка дозвола вчера возеле 30 лица, а дури 130 возила биле технички неисправни и нерегистрирани, открила полицијата во текот на вчерашните контроли.
–На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 340 санкции. За пречекорување на дозволената брзина на движење казнети се 130 возачи, санкционирани се и 35 мотоциклисти, изречени се и 24 мерки за непрописно паркирање, како и 25 казни за неносење на заштитна маска, се наведува во соопштението на МВР.
Од МВР уверуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.