Комисијата предлага да нема ПЦР тест со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија

Државјаните на Србија, Црна Гора, Косово и Албанија во Mакедонија да влегуваат без ПЦР тестирање, предлага Комисијата за заразни болести.

Во соопштението на Министерството за здравство се наведува дека според анализите, во моментов нема индикација, односно нема висок број на импортирани случаи во земјава со ковид-19 од овие земји.

Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на границите. Предлог одлуката ќе биде доставена до Владата на РС Македонија, се наведува во соопштението.

Во Европската Унија сите граници на движење се без ПЦР тестирање.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Бројот на заразени наближува на 20.000, десет пати повеќе од уверувањата на Филипче
Следна вестЗагрижувачко: Без возачка возеле 30 лица, 130 возила биле неисправни и нерегистрирани