Апелираме до граѓаните и да не се организира заедничко следење на натпреварот. Навивачките групи да се воздржат од инциденти, употреба на говор на омраза или други нарушувања на јавниот ред и мир, затаоа што тоа најстрого ќе биде санкционирано, се наведува во апелот од МВР пред утрешниот фудбалски натпревар Македонија – Косово.
Во апелот се наведува дека веќе се одржани средби со навивачките групи.
-МВР, во рамки на своите надлежности, во соработка со Фудбалската федерација на Македонија и другите надлежни органи, постапува по однос на обезбедување на сигурноста на учесниците. Преземени се сите мерки и активности за гарантирање на безбедноста на фудбалерите и другите учесници од пристигнувањето во Скопје, за време на натпреварот и по одигрување на мечот. Министерството за внатрешни работи, исто така, ја информира јавноста дека во соработка со здравствените власти се преземени сите потребни мерки за почитување на протоколите за заштита од ширење на Ковид – 19, се наведува во соопштението.
Согласно препораките на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Одлуките на Владата, не е дозволено присуство на публика на натпреварот.