Темен режим Режим на светлина

Удрил со возило во 80-годишна жена и избегал

Со тешки телесни повреди се здобила 80-годишна жена откако во неа вчера удрило возило во скопската општина Ѓорче Петров, информира полицијата.

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила вчера околу 19 часот на улицата „Ѓорче Петров“.

-Непознато возило удрило во пешакот Н.Т.(80) од Скопје, по што го напуштило местото на незгодата. Во незгодата, Н.Т. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

МВР со апел пред натпреварот Македонија – Косово: Навивачките групи да се воздржат од инциденти

Следна објава

Две наставнички од ОУ „Гоце Делчев“ во Центар позитивни, 15 првачиња во изолација