Две наставнички од ОУ „Гоце Делчев“ во Центар позитивни, 15 првачиња во изолација

Две наставнички од скопското основно училиште „Гоце Делчев“ од општина Центар се позитивни на корона вирус по што во изолација се ставени првачињата на кои тие им предавале.

Општинските власти на Центар ја потврдија оваа инфорамција наведувајќи дека на наставничките им се прави уште еден контролен тест.

Во 14 – дневна изолација, според сознанијата, се ставени 15 првачиња од оваа училиште.

Претходна вестУдрил со возило во 80-годишна жена и избегал
Следна вестБоки 13 во болница, одложено судење за „Меѓународен сојуз“