Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 437 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 50 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 140 прекршоци, 40 технички неисправни и нерегистрирани возила, 8 мотоцикли, 79 мерки за непрописно паркирање, 48 се подигнати со пајак, а изречени се 59 казни за неносење на заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Oд МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот