Модуларната болница на Инфективна клиника можно е уште вечер да се активира

На Инфективната клиника има уште десетина слободни кревети и штом тие ќе се пополнат ќе се активира модуларната болница, изјави денеска за медиумите Милена Стевановиќ, директорка на Клиниката за инфективни.

Таа рече дека тоа може да се случи уште ноќеска на полноќ, зависно од приливот на нови пациенти.

-Во моментов има 95 пациенти на Клиниката за Инфективни болести, се подготвуваат и неколку исписа. Останати се десетина слободни кревети. Во мобилната засега нема приеми, се додека не се наполни комплетно капацитетот на клиниката, рече Стевановиќ.

Модуларната болница има капацитет од околу седумдесетина кревети.

И во другите болници се повеќе станува проблем приливот на нови пациенти.  

Слободен кревет, за прием на пациенти со корона вирус, нема и на инфективните одделенија во Прилеп, Струмица, Куманово и Велес. Подобра не е ситуацијата ниту во Градската болница „8 Септември“, која до скоро беше главен Ковид центар. Во болницата може да се најде некој слободен кревет, бидејќи ослободуваат места за најкритичните.

Ви јули годинава министерот за здравство ВенкоФилипче најави дека ќе бидат изградени 16 монтажни болници во повеќе градови за ублажување на есенскиот бран на корона вирусот. Но, тие се уште не се подигнати.

Претходна вестПочинале пет пациенти, 177 лица се новозаразени од вирусот
Следна вестНападнал жена, а потоа и полицајци во Аеродром