Казнети 255 возачи, 13 возила биле неисправни и нерегистрирани

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 255 санкции, соопшти денеска МВР.

Во информацијатa се наведува дека за возење без возачка дозвола се казнети 12 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење 58 возачи, имало и 13 технички неисправни и нерегистрирани возила и 4 мотоциклисти. 

Изречени се 86 мерки за непрописно паркирање и 68 возила подигнати со „пајак“, 25 санкционирани пешаци и 26 казни за неносење на заштитна маска.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, предупредува полицијата.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Сите мерки на мафијашката власт се дебакл, па и „Викенд без ДДВ“
Следна вестКаде запре апликацијата „СтопКорона“, кое е искуството на Манчевски?