Се станува ли зелена престолнина без садење дрвца?

Се садат ли некаде нови дрвја и друго зеленило по Скопје? Ваквото прашање, судејќи по она што може да се види по скопските општини, за жал, има негативен одговор. Излегува дека сончевиот есенски период во градот, кој е идеален за садење на зеленило слабо или воопшто не се користи, односно, дека годинава нема да има позначајни есенски акции за садење. Зошто е тоа така, треба да одговорат надлежните.

Лани, на пример, на подрачјето на градот биле посадени околу 7.000 нови висококвалитетни садници на различни локации во сите скопски општини. Пролетва, пак, имаше една пролетна акција за садење во рамките на општина Карпош кога беа засадени 55 дрва.

Сега сме пак во периодот кој е погоден за садење дрвца. Помина речеси цел прв месец од есента, но во јавноста не слушам најави дека ќе има нови акции за садење на нови стебла. Дај Боже да се лажам, но би сакал да ме демантираат општините во следниот период, напиша и во свое писмо до „Скопско ехо“ нашиот сограѓанин Тони.

Градот Скопје минатата година имаше амбиција да да стане Зелена престолнина на Европа во 2021 година. Во тоа не успеа, но значи ли тоа дека треба да запрат и акциите за зазеленување? Се чини и општинските градоначалници како да се „изморија“…

 

Претходна вестШилегов: Подземната сообраќајница зад „Рамстор“ ќе се изгради до крајот на 2023 година
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Комисијата за заразни болести, од почеток ја води погрешно работата, без план и стратегијa