Фудбалерите на Шкендија денеска имаат шанса да се вратат на лидерската позиција во ПМФЛ, ако успеат да освојат барем бод против Работнички кој во Тетово патува со желба за прекин на низата без победа во домашното првенство.
Шампионот Вардар по поразот во минатото коло од Шкендија, денеска на „Тодор Проески“ ја дочекуваат Ренова.
Македонија ЃП ќе одмери со Академија Пандев, Струга гостува кај Пелистер а Беласица го дочекува Борец.
Вчера Шкупи го совлада Силекс со 1:0 со голот на Исени.