Малолетник прегазен на булеварот „Александар Македонски“

На 24.10.2020 во 16,30 часот било пријавено дека во Скопје на бул. „Александар Македонски“, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Т.В. од Крива Паланка удрило во пешак на возраст од 15 години од Скопје, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестПФМЛ: Шкендија го пречекува Работнички во дербито на денот
Следна вестЗа неносење заштитна маска казнети 846 граѓани