Владата на денешната седница го задолжи министерот за здравство да го потпише и имплементира Посебниот договор за јавна набавка на лекот „Veklury (ремдесивир)“ согласно договорот склучен со Европската комисија, се наведува во денешното соопштение по седницатана Владата.
Министерството за финансии е задолжено да обезбеди дополнителни 13,5 милиони денари (217.000 евра), за плаќање на лекот „Veklury (ремдесивир)“ за месец октомври.
-Останатите средства во износ од 67,5 милиони денари (1.100.000 евра), за исплата по сукцесивна испорака на овој лек за период од 5 месеци, да се предвидат и обезбедат во буџетот на Министерството за здравство за 2021 година, се наведува во соопштението.