Република Чешка денеска го слави Националниот ден. По тој повод, чешкиот амбасадор во земјава, Мирослав Томан,организира концерт на музиката од чешкиот композитор Антонин Дворжак во изведба на македонски уметници.
Концертот може да се гледа на дигитален билборд на плоштадот Македонија и тоа во 17.00, 18.00, 20.00 и 21.00 часот. Но и на првиот канал од МТВ каде ќе се слушне прво обраќањето на Томан од 20.00 часот, а потоа ќе се емитува и концертот со почеток во 23.00 часот.
Меѓу изведувачите се Дино Имери и Дијана Имери Илковска.