ВМРО-ДПМНЕ: Бројот на починати надмина 1000 лица, Филипче да си поднесе оставка

 

Црните рекорди на Венко Филипче продолжуваат. Во ситуација кога има повеќе од илјада лица починати и сме високо на листата по починати лица на милион жители мерката е јасна – Филипче да поднесе оставка, порача денеска опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа партија нагласуваат дека додека бројката на заразени се движи околу 30 проценти од бројот на тестирани во едно деноноќие, Филипче наместо да делува си тера пиар – носете маски.

-И додека Заев и Филипче се држат само до носи маска, државите во Европа спроведуваат многу конкретни мерки. Но, кај нас Заев и Филипче чекаат?! Така велат самите. Додека Заев и Филипче чекаат и си ги тераат бизнисите, граѓаните се оставени сами на себе. Ниту политичката Комисија за заразни болести, велат, не знае очигледно ништо повеќе од носете маски, се додава во партиското соопштение.

Претходна вестСо многуте скапи службени возила ли ќе се пренесуваат пациентите?
Следна вестОва сега е срам, а порано имавме германски амбасадор…