На скопското подрачје денеска ќе преовладува променливо облачно време, претпладне со повремен слаб дожд, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Во останатиот дел од Македонија претпладне ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови врнежите ќе престанат, а облачноста значително ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Од петок и во следните денови утрата ќе бидат студени со услови за појава на магла по одделни котлини, а преку денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност.