Скопската општина Аеродром и натаму е подрачје со најголем број на инфицирани граѓани со корона вирусот откако вчера беа забележани нови 519 случаи на градското подрачје. Инаку, во десетте скопски општини сега има 5.880 активни случаи, а од почетокот на пандемијата се забележани вкупни 15.832.
Во Аеродром сега има вкупно 950 активни случаи на Ковид – 19 што е највисоко ниво до сега. По оваа општина следуваат Карпош со 834 случаи, како и Центар со 791, Гази Баба – 781 и Кисела Вода со 716.
Зад овие општини се Ѓорче Петров со 483 случаи, Чаир со 338 инфицирани, Бутел – 319, Шуто Оризари со 78 и Сарај со 57.
На поширокото градско подрачје сосотојбата е следна: Студеничани – 29, Арачиново -13, Илинден – 135, Петровец – 54, Сопиште – 49, Чучер Сандево – 38, Зелениково – 26, Странец – 72 и Нераспределен- 117.