Темен режим Режим на светлина

Сонцето и умерениот ветер ги бркаат облаците

Дождливо утро, сончеви периоди преку ден Дождливо утро, сончеви периоди преку ден

Во Скопје денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 17 степени.

Сончево време со мала до умерена облачност се очекува и во останатиот дел од Македонија. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и суво време со пониски утрински температури. Од недела ќе има услови за претпладневна магла по одделни котлини.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Јубилеен концерт на „Скопски солисти“ во понеделник во Македонска филхармонија

Следна објава

Аеродром на чекор до 1.000 активни случаи на корона вирус, следи Карпош...