Македонија за првпат по долго време ќе има два претставника во АБА2-лигата, тоа се „вечните ривали“ МЗТ Скопје и Работнички – аеродромци веќе подолго време се натпреваруваат на Јадранот, додека центарци се дебитанти.
АБА-2 лигата ќе се игра по „балон-систем“ поради коронавирусот, а стартува во Златибор. Прв на сцената ќе излезе Работнички кој ќе се соочи со екипата на Студентски Центар (17:00), а ден подоцна МЗТ ќе игра против Подгорица (17:00 часот).
Во Златибор ќе се одиграат вкупно четири кола во неколку дена, па потоа ќе се организира нов турнир чиј датум дополнително ќе биде утврден.