Полициски службеници од ЕВР Карпош – СВР Скопје денеска околу 13 часот на Средно Водно ги лишиле од слобода Д.Д. (33), Ф.Д. (27) и Е.Н. (17), сите од Скопје, кои биле затекнати при извршување кривично дело „тешка кражба” во патничко возило „Фолксваген Поло” со бугарски национални ознаки. При преглед кај нив биле пронајдени одземените предмети, а исто така кај Д.Д. бил пронајден и блокатор.
Пред само два дена уште едно малолетно лице кое што имало само тринаесет години беше уапсено, заедно со уште едно лице под сомнение дека извршиле кривични дела кражба и обид за одземање на моторно возило, извршени на автоплац на булеварот „Трета македонска бригада“.
По документирање на двата случаеви, против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок.