За само една недела смртноста на заболените од корона вирусот се зголемила за цели 41,1 процент, покажува редовната анализа на неделните промени на Институтот за јавно здравје која го опфаќа периодот од 2 до 8 номеври.
-Пријавени се 127 смртни случаи од 22 града што зголемување од 41,1 отсто во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 94 лица биле над 60 години, 19 лица на возраст од 50 до 59 години, 9 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години, 4 случаи во возрасната група од 30 до 39 години и 1 случај на возраст 20-29 години, се наведува во извештајот.
Инаку, во овој период регистрирани се 7.280 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, што претставува зголемување од 25,5 проценти во однос на минатата недела.
-Од нив, 1.543 чица се над 60 години, од 30 до 39 години – 1452, од 40 до 49 -1403, од 50 до 59 -1401 и од 20 до 29 години – 1090. Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 години – 120 и од 10 до 19 години – 252 лица, се наведува во анализата.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, 3.256.