Овие денови ќе се интензивирале преговорите со Бугарија и пред вторник ќе имало обид да се постигне решение. Ова денеска го најави премиерот Зоран Заев.
-Вистински европски политичари мора да му дадат шанса на процесот и да најдат начин да се согласат. За тоа имаме и директна поддршка од канцеларката Меркел. Вчера имавме конструктивни разговори во пријателска атмосфера, посочи Заев.
-Искуството во преговорите со Грција ме научи дека на Балканот, кога се работи за вакви прашања, вистинско решение може да постои само ако двете страни од преговорите излезат како победници. Во овој момент сè уште не сме стигнале дотаму во разговорите со Бугарија, но пред нас постојат услови за тоа, рече Заев.
Тој вели дека ќе продолжат да разговараат, но не мисли дека тој процес треба да се случува преку јавни препукувања.
-Македонските идентитет и гордост се и ќе останат големи како планина и без да мораме да правиме националистички спектакл од тоа, вели премиерот.