За наредниве денови нема препорака за нови превентивни мерки, а доколку има потреба краткотрајни затворање ќе бидат определени во понеделник. Ваков став донела на денешната седница Комисијата за заразни заболувања која ја анализирала ситуацијата.
Министерството за здравство во соопштение до јавноста информира дека министерот за здравство, Венко Филипче на состанок со претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски и Сузана Маневска телефонски се консултирале со сите членови на Комисијата и донеле ваков заклучок.
-За нови дополнителни мерки ќе се одлучува на состанокот в понеделник, за да се даде време да се утврди дали мерките кои се веќе на сила даваат резултат. Комисијата ја следи епидемиолошката ситуација и доколку е потребно после викендот ќе препорача дополнителни рестриктивни мерки, како целосно затворање на некои економски оператори и ограничување на движењето дали во текот на едно деноноќие, во попладневните часови или за време на викенд, се вели во соопштението.