Денеска се одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје за време на Втората светска војна. Тоа е еден од големите датуми кој го симболизира непокорот на македонското население пред силите на фашизмот.
На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народнослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација.
По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер”, која беше распоредена пред Качаничката Клисура, македонските борци со победоносен марш влегоа во градот каде имаше улични борби.