Новиот мост на Вардар во Аеродром можно е да носи име на славен македонски генерал од Втората светска војна. Имено, такво нешто најави градоначалникот Петре Шилегов.
-Ќе ја преземам обврската да му предложам на Советот на Град Скопје новиот мост на Вардар во Аеродром, да го носи името на народниот херој, славниот генерал Михајло Апостолски. Тоа е мостот кој ќе го поврзе бул. АСНОМ со населбата Ќерамидница и ул. 16.Македонска бригада, најави Шилегов на денешното чествување на 13-ти Ноември, Денот на ослободување на Скопје.
-Драги наши ослободители, среќни сме што се уште можеме со особено внимание да ги слушаме вашите сведоштва за многубројните херојски борби, кои со нескриен слободарски дух се водеа на денешен ден пред 76 години низ овие наши скопски улици, пренесувајќи ги вашите спомени на новите генерации. 13 Ноември нас нè обврзува да го славиме вашето дело, но и да не заборавиме колку е скапа слободата. Нека ни е честит 13 Ноември и бескрајно Ви благодарам за 76 години слободно Скопје. Да славиме сите заедно уште многу години и никогаш да не згасне споменот на нашите ослободители, истакна градоначалникот Шилегов.