По тепачка во Ѓорче Петров приведени осум малолетници

Вкупно осум малолетници прексиноќа биле приведени од страна на полицијата по инцидентот што се случил во Ѓорче Петров.

-На 21.11.2020 во Полициска станица Ѓорче Петров од полициски службеници биле приведени осум малолетни лица на возраст од 14 до 17 години, постапувајќи по пријава според која во 21.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, во близина на угостителски објект, неколку лица со тврди предмети нападнале двајца малолетници, кои биле со уште тројца другари, соопшти полицијата.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.  

Претходна вестВо поранешната болница „Мала Богородица“ ќе се лекуваат 100 пациенти од Ковид 19
Следна вестБраво: Поправив и направив 30 компјутери за сиромашните деца да учат онлајн, правам уште…