СВР Куманово поднесе кривична пријава против кумановецот Р.С.(51), за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ во 2016 година.
Откако завршил III степен на образование во СОУ„Киро Бурназ“ Куманово, за што поседувал диплома, а со која бил и вработен во приватна фирма од Куманово од 2006 година, Р.С. посакал да добие и диплома со четврт степен на образование.
Но, поради условите при вработувањето да има најмалку IV-ти степен ниво на класификација, набавил фалсификувана диплома, за положен завршен испит и свидетелство за завршена IV-та година, со невистинита содржина, од средно училиште од Скопје.
Притоа, фалсификуваната диплома ја приложил како вистинита во два наврата, и тоа во 2017 во Агенција за вработување и во 2020 во приватна фирма од Куманово, стои во билтенот на Министерството за внатрешни работи.