Екипата на Еурофарм Пелистер денеска ќе има тежок натпревар на кој ќе гостува во Манхајм. Противник е составот на Рајн Некар кој влегува како фаворит против битолчани.
Очекувањата се ова да биде натпревар на кој тимот на Еурофарм Пелистер ќе одигра без поголеми притисоци и ќе мора да биде покажано најдоброто. Сепак, сосема извесно е дека домашните се фаворити.
Денеска се играат уште дел од натпреварите од Лигата на Европа со оглед на тоа што одново има одложени средби. Меѓу оние кои се одложени е и дуелот на Металург против австрискиот Аон Фиверс.
Сите натпревари од денешната програма можете да ги видите во продолжение.