Пораз на Еурофарм Пелистер во Европската лига

Еурофарм Пелистер го запиша и третиот пораз во четвртиот меч во ЕХФ Европската лига, откако на гостувањето кај словенечкиот Тимо Требње загуби со 28:24 (14:12).

По пропуштените шанси за победи против ГОГ и Кадетен, словенечкиот тим беше „пикиран“ како совршен противник за првата победа во новото натпреварување на ЕХФ, но Требње поведе од почетокот на мечот и Пелистер успеа да се врати само на гол разлика (12:11) во финишот на првото полувреме. И во второто полувреме, Требње не ја даваше предноста, за на крајот македонскиот клуб да загуби со четири гола разлика.

Озгур Тарак и Грегор Поточник постигнаа по пет гола за Требње, додека Стипе Мандалиниќ беше најефикасен за Еурофарм Пелистер со пет гола.

ЕХФ ЕВРОПСКА ЛИГА, ГРУПА Д

Тимо Требње – Еурофарм Пелистер 28:24 (14:12)

Табела: 1.Рајн-Некар Левен 6, 2.Требње 4, 3.Кадетен 3, 4.ГОГ 2, 5.Пелистер 1, 6.Табања 0

Фото: РК Тимо Требње

Претходна вестТри лица тешко повредени во сообраќајка во Драчево
Следна вестДве дерби пресметки во ПМФЛ