Три лица тешко повредени во сообраќајка во Драчево

Со тешки телесни повреди се здобиле три лица во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу пладне во скопската населба Драчево.

Полицијата соопшти дека во сударот учествувале две возила.

-На 01.12.2020 во 14.20 часот било пријавено дека на ул.„Јустинијан Први” во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Дачиа сандеро”, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(45) од Скопје и товарно возило „Пежо”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(39) од Скопје, со која бил удрен и пешакот М.С.К.(28) од Скопје – информираат од МВР.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „Дачиа сандеро” А.Б.(60), а со телесни повреди се здобиле возачот И.Ј., сопатничка од истото возило М.Б.(49) и пешакот М.С.К., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”.

Претходна вестВо ковид – центрите во Скопје вчера се примени 30 нови пациенти
Следна вестПораз на Еурофарм Пелистер во Европската лига