Гордана Силјановска – Давкова денеска ќе биде инаугурирана за претседател на Македонија

Денеска напладне, во салата „Македонија“, ќе започне седницата на Собранието на Република Македонија, на која ќе се одржи инаугурацијата на новиот претседател на државата, професорката Гордана Силјановска Давкова.

Таа пред пратениците од стариот состав треба да даде свечена изјава по која и започнува да тече нејзиниот мандат. Денеска истекува мандатот на актуелниот претседател, кој беше и кандидат за претседател, Стево Пендаровски.

Сиљановска-Давкова е родена на 11 мај 1953 во Охрид. Основно и средно образование завршила во Скопје (1973). Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1978), каде што и магистрирала. Докторирала пред комисија предводена од проф. Франц Град со „Цум лауде“ на Правниот факултет во Љубљана, на тема „Лоцал Селфговернмент – бетњеен Нормс анд Реалитѕ“ во 1994.

Била избрана за асистент по предметот политички систем на Правниот факултет во Скопје (1989), за доцент по уставно право и политички систем (1994), а потоа и за редовен професор во 2004. Била член на Уставната комисија на Собранието на РМ (1990-1992) и министер во Владата на РМ (1992-1994). Експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем.

Сиљановска-Давкова беше канадидат на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателските избори во 2019 година, кога победи Стево Пендаровски. На Парламентарните избори во 2020 година, Силјановска-Давкова беше носител на кандидатскиот список за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Изборна единица 1. Од август 2020 година таа е пратеник во македонското Собрание.

Претходна вестПретпладне сончево со умерена облачност, попладне наместа ќе има зголемена облачност
Следна вестПосебен режим на сообраќај во Скопје