Претпладне сончево со умерена облачност, попладне наместа ќе има зголемена облачност

На подрачјето на Македонија денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност со краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура се движеше од 5 до 11 степени а дневната ќе биде од 15 до 26 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе има зголемена облачност со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата изутрината изнесуваше 9 степени, а преку ден ќе достигне 24 степени.

Претходна вестАхмети го откри документот за уставните измени што биле договорени со лидерите на „Вреди“
Следна вестГордана Силјановска – Давкова денеска ќе биде инаугурирана за претседател на Македонија