Ахмети го откри документот за уставните измени што биле договорени со лидерите на „Вреди“

Лидерот на Европскиот фронт и претседател на ДУИ, Али Ахмети на денешниот собир на претставниците и членството на коалицијата ја објави заедничката политичка декларација која заедно со лидерите на „Вреди“ ја потпишале на 13 јануари годинава. Во неа тие се обврзале да соработуваат само со политички чинители кои се согласни за вметнување на Бугарите во уставот

Во полната сала во скопскиот хотел „Холидеј ин“, лидерот на Европскиот фронт, Али Ахмети се заблагодари на членството за успешните избори и за довербата. Дополнително, тој ја објави заедничката политичка декларација која ја потпишале заедно со Арбен Таравари, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити на 13 јануари годинава, во која е наведено дека тие ќе соработуваат само со политичките партии кои се согласни за спроведување на уставните измени.

-Имајќи ја предвид состобата во која се наоѓа државата и должноста што ја имаме кон граѓаните, чувствуваме обврска да изјавиме дека сме целосно решени, сега и во иднина да соработуваме и да владееме заедно само со оние политички партии кои се согласуваат да ги поддржат уставните измени како услов за продолжуванье на процесот на интеграција на земјата во ЕУ, стои во документот кој го презентираше Ахмети.

Тој кажа дека Европскиот фронт ќе биде столб за мирот, безбедноста и стабилноста во земјава, бидејќи местото на Македонија и е во Европската унија и порача дека емоциите треба да се остават зад себе и дека е потребно да се направат напори за да се направат цврсти структури на државата со овие капацитети.

Претходна вестМосква: Руските сили презедоа контрола над пет села во харковскиот регион
Следна вестПретпладне сончево со умерена облачност, попладне наместа ќе има зголемена облачност