Во ковид – центрите во Скопје вчера се примени 30 нови пациенти

Во ковид – центрите во Скопје во изминатите 24 часа се хоспитализирани 30 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 452 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, а голем дел од нив се на кислородна поддршка, соопшти Министерството за здравство.

На интерните клиники имало вкупно 13 приеми, во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 10 нови приеми на пациенти, а во последното деноноќие седум болни биле примени и на Инфективната клиника.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 32 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 26 пациенти, на Клиниката за неврологија 33 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 38 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, а на Клиниката за очни болести 17 пациенти. Во ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло има 27 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 107 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 150 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 28 пациенти, од кои 7 деца и 21 возрасен.

-Утрово до 8 часот имало 40 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ ‘8 Септември’, соопшти МЗ.

Претходна вестШто бидна со истрагата околу доделувањето грантови во Фондот за иновации?
Следна вестТри лица тешко повредени во сообраќајка во Драчево