Во последните 24 часа во Македонија се направени 3399 тестирања, а регистрирани се 1342 нови случаи на Ковид-19. Ова пред малку го соопшти Министерството за здравство.
Од новозаразените во Скопје се 479 случаи, Куманово-52, Дебар-20, Штип-45, Прилеп-84, Тетово-58, Струга-52, Велес-59, Битола-83, Охрид-49, Кавадарци-42, Гостивар-63, Гевгелија-33, Струмица-29, Крива Паланка-12, Радовиш-12, Крушево-5, Кочани-33, Пробиштип-10, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-4, Валандово-4, Виница-4, Делчево-22, Кратово-7, Свети Николе-13, Кичево-31, Ресен-13, Неготино-18.
–Починати се 22 лица, седум пациенти од Скопје (70, 61, 73, 81, 62, 65 и 69г), еден од Куманово (79г), двајца од Штип (81 и 78г), четири пациенти од Прилеп (84, 68, 69 и 79г), еден од Струга (77г), двајца од Велес (72 и 73г), еден од Охрид (87г), еден од Гостивар (71г), еден од Струмица (67г), еден од Крушево (71г) и еден пациент од Берово (86г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови, се наведува во информацијата.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 65231, бројката на оздравени пациенти е 41656, на починати е 1847, а бројот на активни случаи изнесува 21728.