Го спасиле од сигурна смрт, а тој возвратил со агресија

Синоќа околу два часот по полноќ од страна на Службата за итна медицинска помош во скопската полиција бил пријавен несекојдневен инцидент.

Според пријавата, екипа на брзата помош била физички нападната на улицата Втора македонска бригада.

Имено, екипата отишла на местото на повик во врска со лице во бесвест, па додека му била укажувана помош, лицето се освестило и физички нападнало еден од лекарите.

По ова, полицијата излегла на местото на настанот и презела мерки за обезбедување на 57-годишниот С. Л. од Скопје, кој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена и соодветна пријава.

Претходна вест1.342 новозаразени лица од вирусот, починале 22 пациенти
Следна вестВо скопскиот затвор починал затвореник