Денеска, онлајн преку зум платформата се одржува програмата „Акто Агора“ насловена како „Културата е насловна страница на секое општество“. Дебатата е по повод 15 години традиционално одржување на фестивалот за современа уметност „АКТО“.
Како што соопштија организаторите, „Акто Агора“ оваа година повторно поттикнува и придонесува во креирањето на современите културни политики базирани на хоризонтално учество на сите сектори во културата, односно интегрирање на граѓанскиот сектор во креирање на културните политики на локално и национално ниво.
Учесници во годинашната „Агора“ се: Милена Драгичевиќ – Шешиќ, Искра Гешоска (Контрапункт/Крик), Рисима Рисимкин (Интерартс/Танц фест), Виолета Качакова (ЕПК 2028), Јасмина Билаловиќ (КСП Центар-Јадро) и Биљана Тануровска-Ќулавковски (Локомотива/КиноКултура).