Во нормално време можеби нема ниту да обрнеме внимание дека сме прва резерва за Светското првенство, но во време на пандемија на ковид-19 се може да се случи.
ЕХФ состави листа на чекање во случај некоја од земјите учеснички да го откаже својот настап.
На таа листа прва е Македонија, потоа следуваат Швајцарија, Холандија, Црна Гора, Украина и Србија.