На скопското подрачје вчера се изречени казнени санкции на 213 возачи меѓу кои на 14 за користење мобилен телефон и 14 за некористење сигурносен појас, соопшти денеска МВР.
Санкцинирани се и 15 возачи за возење без возачка дозвола, 10 за технички неисправни и нерегистрирани возила и 11 за минување на црвено светло.
-Казнети се и 74 возачи за непрописно паркирање, а со „пајак“ се подигнати 41 возило. За неносење на заштитна маска изречени се 18 санкции, се наведува во информацијата.
-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.